Дајер мораше да оди во тоалет, а Мурињо тргна по него! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

Менаџерот на Тотенхем после триумфот над Челси во Лига купот, истакна дека треба да се донесе одлука за забрана на играчите да настапуваат во два натпревари во рок од 48 часа.

Жозе Мурињо ова го кажа кога го прашаа да одговори во врска со Ерик Дајер кој сред натпревар, поточно во второто полувреме го напушти теренот и истрча кон тоалетот.

– Тоа што се случи со Дајер не е природно, но вреди да се пофали на свој начин. Мислам дека треба да се донесе одлука за забрана за учество на играчи на два натпревари во помалку од 48 часа. Тој мораше да побегне, бидејќи немаше други опции. Дајер беше целосно дехидриран. Морав да го притискам да се врати, но ова е одличен пример за сите. Доколку лигата не се грижи за играчите, тогаш јас не можам да поминам преку тоа – рече Мурињо по мечот.

Тотенхем победи на пенали и се пласираше во четвртфиналето на Лига купот, а таму ќе се најдат уште седум екипи по одигрувањето на натпреварите:

Њупорт Каунти-Њукасл, Барнли-Манчестер сити, Брајтон-Манчестер јунајтед, Евертон-Вест Хем, Брентфорд-Фулам, Астон Вила-Стоук и Ливерпул-Арсенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот