Дацов: Референдум за усвојување на еврото би претставувало гласање за излез на Бугарија од ЕУ

Според него, исто така, е смешно да се очекува, во случај на усвојување на еврото, Бугарија да ја доживее судбината на Грција.

Референдум за усвојување на еврото би претставувало гласање за излез на Бугарија од ЕУ, смета поранешниот бугарски заменик министер за финансии, Љубомир Дацов.

– Не може да има референдум за усвојување на еврото, бидејќи тоа би претставувало референдум дали треба да останеме во Европската унија или не, истакна Дацов по повод иницијативата на опозициската партија „Волја” за организирање референдум.

Тој истакна дека „доколку кој било политичар сака да си игра во таа сфера, тоа конкретно значи дека референдумот за евро е гласање за излез од ЕУ”.

Според него, исто така, е смешно да се очекува, во случај на усвојување на еврото, Бугарија да ја доживее судбината на Грција.

– Не е виновно еврото, туку Владата, која ја следела неразумната политика на наталожување долгови, нагласи Дацов.

Прочитајте и...  Брнабиќ: Задолжително носење маски во затворен простор во цела Србија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во понеделникот најави дека раководството на земјата нема да учествува во придружувањето на „чекалната“ на еврозоната, а еврото нема да биде усвоено без целосен консензус на населението.

– Пристапувањето кон Европскиот курсен механизам (ЕРМ 2) се очекувало во април, но велат дека се појавиле информации дека партнерите во ЕУ не се согласуваат и тоа веројатно нема да се случи во блиска иднина. Поради тоа премиерот едноставно ја користи ситуацијата да остави впечаток на човек кој води сметка за мислењето на другите, изјави поранешниот бугарски заменик министер за финансии.

Дацов изрази надеж дека изјавата на Борисов била „времено губење на рамнотежата“.

Прочитај повеќе

Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Слободен печат

Јуроп тудеј: Оздравените од коронавирус патат од замор, отежнато дишење и болка во мускулите

Слободен печат

Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

Слободен печат

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Слободен печат

Македонија утре избира власт

Соња Христовска Угриновска

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра

Слободен печат

Одбележување на Националниот празник на Франција

Слободен печат

Денес гласаат болните, немоќните и затворениците, најмногу пријавени во Прилеп и Кичево

Слободен печат

ОДИХР: Прелиминарна оценка на 16 јули, конечен извештај околу осум недели по денот на изборите

Слободен печат

Најголем број активни случаи од Ковид-19 во Скопје, не се очекува поголем наплив во болниците

Слободен печат

Сончево време со слаб до умерен ветер, температура до 29 степени

Слободен печат