Дац: Oчекувам оставка од Павле Богоевски

Актерот Драган Спасовски Дац на социјалните мрежи го коментира настанот поврзан со снимката во која пратеникот Павле Богоевски, како што самиот подоцна објави, порачува масло од канабис.

„Очекувам оставка од Павле Богоевки и прес конференција на Миле Бошњаковски!
Како што е ред, нели?“, пишува Дац.

Тој беше директор на МНТ, но си поднесе оставка откако под дејство на алкохол учестуваше во сообраќајна несреќа, во која беше повредена 27-годишна девојка во Кисела Вода.

Актерот во текот на изборната кампања за претседател, на една од трибините на премиерот Заев симболично му подари метла за најавените промени кои треба да ги спроведе кон функционерите поставени од актуелната власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот