Дац му подари метла на Заев, премиерот најави: Време е за чистка! (ФОТО)

На трибината во Карпош, актерот Драган Спасов Дац пред присутните излезе со метла и му ја подари на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за чистката што ја најави по вториот круг од претседателските избори.

Заев се заблагодари и рече дека добро ќе му дојде, а Стево Пендаровски праша дали ќе биде доволно само една.

,,Отворено зборувам, не да се заканувам некому, пораката ја примивме во првиот круг. Ова јасно им го кажувам на нашите поддржувачи кои решија да останат дома и кои се незадоволни од нас, од некои наши функционери, на локално или централно ниво-чистка ќе има. И тоа е мојата порака“-рече Зоран Заев на првата трибина во Карпош по првиот круг од претседателските избори.

,,Пораката ја испративте, но немојте да ја казнувате државата заради некои наши слабости. Слабости има, но работиме и ќе работиме да ги исправиме. Разбрав, многу наши поддржувачи ми испратија порака-Еј ало, менувај нешто, не ја бива вака“ -изјави Зсев.

Тој најави големи промени, но и вети дека во вториот круг ќе освојат повеќе гласови и со нивниот кандидат Стево Пендаровски убедливо ќе победат, бидејќи не смее да се дозволи враќање на гуевизмот.

Загрижени сме, но тоа не става во позиција да одработиме и доработиме како што треба, рече Заев.

,,Слушајте што кажувам, зборот е збор, 100.000 разлика во вториот круг“-рече лидерот на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот