Нова романтична песна ни доаѓа од „работилницата“ на тандемот Драган Спасов-Дац и Александар Митевски (ВИДЕО)

Фото Фејсбук

„Хипноза за една љубов“ е насловот на новата песна на Драган Спасов – Дац и Александар Митевски која освојува „од прва“.

Песната беше промовирана за Денот на вљубените во кафе-барот „Мартини“, преполн до последно место и со волшебна атмосфера.

Обрнете внимание на зборовите, кои, веруваме, бргу ќе почнете да ги потпевнувате. На второ слушање пак, веднаш ви станува јасно дека двајцата се, освен докажани уметници, и чувари на поетскиот збор.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот