Дачиќ: Вучиќ заеднички кандидат за претседател, дилемата е заедничката изборна листа за парламентарни избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ/Фото: Jure Makovec / AFP / Profimedia

Претседателот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, изјави дека СПС ќе го поддржи претседателот на Српската напредна партија(СНС), Александар Вучиќ, како заеднички кандидат за претстојните претседателски избори и дека „централното прашање“ сега е дали да се оди со заедничка листа за парламентарните и други избори, јави дописникот на МИА од Белград.

– Вучиќ како заеднички кандидат е синоним за заедничката политика и целите, изјави Дачиќ за ТВ Прва, наведувајќи дека најактуелно прашање сега е дали социјалистите и напредњаците „ќе одат на една или со две изборни листи”.

Одговорот, како што рече, ќе зависи од тоа како ќе настапи опозицијата и како ќе реагираат гласачите на СПС и СНС на тоа дали е подобро да има една листа – и во техничко-организациска смисла, така и во собирањето гласови, или посебни листи.

Дачиќ повтори дека изборите треба да се одржат на 3 април, наведувајќи дека Собранието на Србија ќе има „скратен мандат”, односно ќе се распушти кон средината на февруари.

Референдумот за уставните измени, како што наведе, треба да се одржи на 16 јануари, а според негова оценка, нема сомнеж дека тие претходно ќе бидат поддржани во српското Собрание.

Заменик-претседателот на опозициската Партија на слободата и правдата (ССП) Борко Стефановиќ за весникот Нова изјави дека е оптимист и дека „очекува што е можно поскоро договор со Демократската партија (ДС) и Народната партија (НС) за можното излегување на изборите и како да се одбрани слободата на народот да гласаат и резултатот што опозицијата ќе го постигне.

Според него, сите во опозицијата се целосно свесни за одговорноста и што очекуваат граѓаните од нив, имајќи предвид дека се „дел од заедничкиот фронт за ослободување на Србија”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот