Дачиќ: Ситуацијата со Ѓоковиќ ќе остави последици врз односите меѓу Србија и Австралија

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека се што се случува со Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе остави последици врз односите меѓу Србија и Австралија.

Дачиќ, како гостин на РТС, рече дека мала е веројатноста Австралија да и прифати какви било аргументи од страна на Србија кога станува збор за случајот со Новак Ѓоковиќ.

„Ова не е посебен и специфичен случај. Станува збор за политизирање на прашањето бидејќи стотици луѓе добија различни исклучоци. И ние политичарите бевме на различни настани ширум светот. Моравме да одиме во Британија. Целата делегација мораше да бара исклучоци, но тоа беше дел од политичката манифестација, па ОН ни го загарантираа тоа. Ако можат да влезат други тенисери, зошто некој така да се однесува кон Новак Ѓоковиќ?“, праша Дачиќ.

Тој посочи дека Ѓоковиќ дошол во Австралија по нивното одобрување и оцени дека однесувањето на австралиските власти е срамно.

Дачиќ потсети дека Новак има дипломатски пасош на Србија.

„Тој е тенисер број еден, свето име и легенда. Ова е необично, срамно, дрско“, истакна Дачиќ.

Тој додаде дека не верува дека премиерот на Австралија, Скот Морисон некогаш ќе дојде во Србија. „Не ни треба да доаѓа“, рече Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот