Дачиќ не знае дали Вучиќ ќе патува во Тирана

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ самиот ќе одлучи дали ќе оди на Самитот на Европската Унија и Западен Балкан на 6 декември во Тирана, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој рече и дека во однос на предлозите за решение на односите со Приштина, кои се „ставени пред Србија“, „треба да почекаме и да видиме“, јави белградска Н1.

– Секој договор што не го подразбира Косово како независна држава и неговото признавање, односно членството во Обединетите нации, е добра тема и основа за понатамошна дискусија, рече Дачиќ.

Тој додаде дека Србија затоа е далеку од некој дефинитивен предлог, но „јасно кажа кои се нејзините црвени линии“.

– Подготвени сме да разговараме, важно е да учествуваме во разговорот. Србија е конструктивна и претставниците на меѓународната заедница го гледаат тоа, рече Дачиќ.

Тој оцени да фактот што меѓународната заедница зборува за Србија на сосема погрешен начин и „не сакајќи Приштина да се налути“ ја покажува „необјаснивата ирационална врска меѓу некои западни земји и нивното дете“ – Косово.

Вучиќ неделава изјави дека е подготвен да ја разгледа можноста за промена на одлуката да не патува во Тирана, на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и ЕУ. Пред тоа рече дека никој од Србија нема да присуствува на состанокот поради одлуката на косовскиот премиер Албин Курти да го назначи Ненад Рашиќ за министер за заедници и враќање во Косово и поради реакцијата на ЕУ на таа одлука, која Белград ја оцени како блага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот