Дачиќ полн со фалби за Вучиќ: На антисрпски кругови во регионот им пречи силен претседател на Србија

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

На антисрпките кругови во Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и на Албанците од Косово, Албанија и Северна Македонија им пречи силниот претседател на Србија, бидејќи на нив им одговара слаба Србија, изјави српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, објави Euronews.rs.

„Претседателот Вучиќ ја ужива големата поддршка на граѓаните на Србија и на целиот српски народ. Затоа што работи во интерес на Србија, а не во интерес на нашите непријатели“, заклучи Дачиќ.

„Од иницијативата на Отворен Балкан, до наводното влијание за дестабилизација на регионот, зошто Србија се развива, зошто Србија се вооружува, дека е дел од руското влијание, зошто „Подарок од Јасеновац“ и „Бура“ се снимаат, и којзнае уште што“, додаде Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија минатата недела изјави дека Србија ја оставила отворена можноста да се смени одлуката за воведување санкции кон Русија поради нападот на Украина, доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправлива штета.

Според него, освен притисокот врз Србија поради невоведувањето санкции, намалена е и надворешнотрговската размена меѓу двете земји, додека „во некои западни земји кои воведоа санкции кон Русија таа е зголемена“.

Дачиќ: Одлука за санкции против Русија можна е доколку српската економија и граѓаните почнат да трпат непоправлива штета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот