Курти живее во паралелна реалност, вели Дачиќ

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во врска со изјавата на косовскиот премиер Албин Курти дека „конечен договор“ меѓу Белград и Приштина ќе биде постигнат напролет, рече дека „никаде не се споменати рокови, ниту се дел од некаков договор што е постигнат“.

Дачиќ за „Б92“ изјави дека Курти „живее во паралелна реалност“.

„За дијалог се потребни двајца, а понекогаш и тројца. Ако не им треба Србија, тогаш нема потреба од дијалог“ – рече Дачиќ.

На прашањето дали „француско-германскиот предлог“ е прифатлив за Србија, Дачиќ рече дека овој предлог „може да биде добра почетна точка за постигнување договор меѓу Белград и Приштина, доколку нема членство во ОН“ за Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска пред пратениците во Собранието на Косово изјави дека Европската унија и САД „планираат да март следната година да се постигне конечен договор меѓу Косово и Србија“,

Тој рече и дека самите ЕУ и САД „сакаат нова динамика“ и дека „тоа е предлог на ЕУ.

Вучиќ: Курти може да оди во Брисел кога сака, му посакувам среќен пат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот