Дачиќ: Корозија на држачите на настрешницата – можна причина за несреќата во Нови Сад

Српскиот министер за надворешни работи Дачиќ/фото: ЕПА

Министерот внатрешни работи, Ивица Дачиќ зборуваше за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, каде при падот на настрешницата загинаа 14 лица, како и за можната причина за трагедијата.

-Како што можеше да се види, се претпоставува дека може да има корозија на оние држачи што ја носеа настрешницата. Тие не се променети од 1964 година. Доказите вчера беа отстранети и преместени на место каде што ги обезбедува полицијата, а сега ќе се вештачат, па потоа ќе биде појасно што се случило – изјави тој за ТВ Пинк.

Дачиќ изјави дека веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, „почнувајќи од врвот“.

-Обвинителството го прави сето тоа, веќе денеска ќе бидат сослушани дваесетина лица, почнувајќи од врвот, од ресорното министерство, јавното железничко претпријатие, документацијата која се однесува на самата зграда, ќе се земе документацијата за зградата, мислам за тоа кој ја носел одлуки, изјави Дачиќ.

Кој е Васко Саздовски – Македонецот кој загина во Нови Сад?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот