Дачиќ: Ѓукановиќ ги плаши луѓето со опасност од Србија и СПЦ

Ивица Дачиќ / Фото: Архива

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, по повод инцидентот пред устоличувањето на Црногорско приморскиот митрополит на СПЦ, Јоаникиј во Цетиње, изјави дека малку настани во Црна Гора се паметат по нечовечност.

– Устоличувањето на митрополитот на ова место (Цетињскиот манастир) трае со векови. Јоаникије и (покојниот митрополит) Амфилохије не се свештеници на Српската православна црква (СПЦ) од други краеви, од мојата јужна Србија или Краина. Тоа е црквата на Црна Гора, изјави Дачиќ за ТВ Пинк.

Тој оцени дека претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, користи методи што ги критикуваше кога дојде на власт пред три децении со просрпска политика.

– Во тоа време, тој збореше дека е горд на своето српско потекло и црногорската држава. Ние никогаш тоа не го оспоривме. Сега тој ги плаши луѓето со одредена опасност од Србија и СПЦ, додаде тој.

Дачиќ посочи дека власта околу Ѓукановиќ го видела устоличувањето на митрополитот Јоаникиј како добра можност за дестабилизација и оцени дека СПЦ покажала „цврстина во верата и својата одлучност”.

– Во право се кога велат: Ако не избркаат од Цетиње, ќе не избркаат и од други краеви, нагласи Дачиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот