Дачиќ: Договорите од Брисел се круна на учеството на Белград во дијалогот

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/ROMAN PILIPEY

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека е јасно напишано што претставува Заедницата на српски општини во Бриселскиот договор од 2013 година и уште подетално во договорот од 2015 година, наведувајќи дека тие договори се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ.

Го потпишавме Бриселскиот договор затоа што е добар за нашата заедница во Космет. Не е идеален, но во услови во кои го преговаравме за него, тоа е максимумот што можевме да го постигнеме. Тоа се договори кои на нашето население му даваат се што е во нивни раце на управување – од економија, развој, образование, здравство, до безбедност и полиција”, изјави Дачиќ за „Политика”.

Дачиќ, кој го потпиша првиот Бриселски договор, додаде дека и двата договора се круна на учеството на официјален Белград во дијалогот со посредство на ЕУ, кој, како што истакна, се обврзале да се спроведе.

„Никогаш немало причина да не се спроведе договорот, освен упорното одбивање на Приштина да го спроведе и неограничената толеранција на западните посредници кон нивното уништување”, рече Дачиќ и повтори дека ЗСО останува главната точка на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот