Дачиќ: Да се уапсат сите кои ја загрозуваат безбедноста на претседателот Вучиќ

Ивица Дачиќ / Фото: EPA-EFE/DJORDJE SAVIC

Претседателот на Народното собрание на Србија, Ивица Дачиќ денеска побара од надлежните државни органи најсериозно да ги сфатат информациите поврзани со заканите кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ и да ги уапсат сите кои ја загрозуваат неговата безбедност, пренесува Танјуг.

Дачиќ рече дека тоа е единствениот начин државата да ја покаже својата сила.

– Соочени сме со закани кои доаѓаат до претседателот Вучиќ за неговата безбедност и од организирани криминални групи. Бараме надлежните државни органи најсериозно да ги сфатат сите овие информации, да бидат уапсени сите кои ја загрозуваат безбедноста на претседателот на Републиката и државата да ја покаже сета своја сила – рече Дачиќ.

Тоа им го кажа на новинарите во Лесковац, каде што одржа средба со раководството на градските и општинските одбори од областа Јабланица, Пчињ и Пирот.

ВИДЕО | Вулин: Постои криминална група чија цел е атентат врз Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот