Дачиќ: „Веројатноста за апсење на Тачи е 99 проценти“

Фото: Профимедиа

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во емисијата „Кирилица“ на Хепи ТВ изјави дека веројатноста дека косовскиот претседател Хашим Тачи ќе биде уапсен е 99 проценти.

„Дали ќе биде осуден или не, не знам. Но, сигурно е, прашање на денови е кога тој ќе биде во Хаг“, рече Дачиќ.

Тој додаде и дека Тачи знае што му го чека и дека судот нема да објави дали обвинението против Тачи е прифатено или не.

Вицепремиерот истакна дека добрите стратешки односи меѓу Србија и Соединетите држави се многу важни, но Американците не знаат што навистина се случува на овие простори, бидејќи тие најчесто добиваат информации преку некои лобисти кои зборуваат само за муслиманските жртви.

Дачиќ ги изрази и својата недоверба кон земјите членки на ЕУ, посебно кон Унгарија, Полска, Словачка, Чешка. Тој смета дека лидерите на овие земји велат дека христијанството е загрозено и се борат против исламската држава насекаде со исклучок на Приштина и Сараево бидејќи лобираат за признавање на косовската независност.

„Тие се залагаат за признавање на Косово, создадено на урнатините на христијанството на Балканот“, рече тој и додаде дека дури и терористите кои ги нападнаа Кулите близначки во Њујорк протекувале од Босна и Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот