Дачиќ: Србија соработува во истрагата и судењата за воени злосторства, непочитување на судот не е воено злосторство

Ивица Дачиќ / Фото: Архива

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, вечерва изјави дека Србија соработува во истрагата и судењето за воени злосторства и додаде дека „непочитувањето на судот не е воено злосторство“.

Дачиќ за телевизијата Пинк изјави дека притисокот врз Србија на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации не бил неочекуван, но тој оцени дека станува збор за лицемерна изјава дека Србија негира геноцид и ги велича воените злосторства.

„Таа проценка против Србија се заснова на барањето за екстрадиција на оние кои се обвинети за непочитување на судот. Тоа дело не е предвидено со нашиот закон како дело што спаѓа во воени злосторства“, рече тој.

Како што рече тој, додека на вечерашната седница во Њујорк се одржуваат „предавања“ за несоработка со Хашкиот трибунал, Србија нема да доживее извештај за српските жртви, како и за тоа кој е одговорен за жртвите.

Претседателот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Кармел Агиус, денес ги извести СБ на ООН во Њујорк дека српските власти одбиваа да ги уапсат и екстрадираат Петар Јојиќ и Вјерица Радета, обвинети за непочитување на судот.

Тие членови на Српската радикална партија се обвинети за незаконско влијание врз сведоците во судскиот процес што го спроведе Трибуналот против водачот на СРС Војсилав Шешељ.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот