Дачиќ: Сиера Леоне го повлече признавањето на Косово

Министерот за надворепни работи на Србија, Ивица Дачиќ за Танјуг има изјавено дека Сиера Леоне го повлече признавањето на Косово како независна држава. Дачиќ во моментот  се наоѓа во официјална посета на оваа држава.

– Може да ви ја покажам нотата на Министерството за Надворешни работи во која се вели дека Сиера Леоне го повлекува признавањето на Косово, и дека официјалните лица на оваа земја ветија дека ќе ги почитуваат резултатите кои ќе се постигнат како резултат на посредството на ЕУ и ООН-, изјавил Дачиќ.

Од друга страна, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Конјуфца, рече дека тие се уште не ја примиле вербалната нота во која Сиера Леоне го повлекува признавањето на Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот