Дачиќ: Северна Македонија го призна Косово за да му се доближи на Западот

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, истакна дека Северна Македонија ја признала еднострано прогласената независност на Косово, само за да му се приближи на Западот. Тој нагласи дека не држат аргументите на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски дека тоа е направено поради Албанците што живеат во Северна Македонија.

Дачиќ за телевизијата „Пинк“, коментирајќи ја изјавата на новиот македонски претседател, дека ја признале независноста на Косово во согласност со нивната стратешка ориентација, но имајќи го предвид и ставот на граѓаните на албанската заедница, која е втора по бројност во Македонија, рекол дека тоа го сториле само поради стратешката ориентација, а не поради Албанците.

„Не стои аргументацијата дека го признале Косово поради Албанците бидејќи како може во Црна Гора да го признаат Косово кога Србите се втора национална заедница по бројност? Каде се тука принципите?“, додаде Дачиќ.

Српскиот шеф на дипломатијата вели дека сите држави во регионот што го признале Косово го сториле тоа за да му се приближат на Западот.

„Со тоа покажаа дека нивната стратешка ориентација не е разбирање на проблемите со кои се соочува Србија“, нагласи Дачиќ додавајќи дека Северна Македонија била некоректна кон Србија бидејќи Србија ја признала Македонија иако тоа било спротивно на нејзините стратешки ориентации, а тоа е пријателство со Грција.

„Се покажа дека сме погрешиле бидејќи Македонија сега се вика Северна Македонија. Да бевме во право, ќе останеше Република Македонија“, заклучи Дачиќ.

Ова Дачиќ го изјави како одговор на интервјуто на Пендаровски за српска политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот