Дачиќ побара Тирана да се извини и дистанцира од изјавите на Цакај

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, истакна дека очекува извинување од Албанија поради изјавите на нивниот министер за надворешни работи Гент Цакај, во која кажа дека Србија и нејзините официјални лица се одговорни за масовните убиства на Албанци на Косово, за милионски штети и криминалното минато, пренесе „Блиц“.

Дачиќ во соопштението наведе дека очекува Владата на Албанија да ја осуди и да се дистанцира од вчерашната изјава на својот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај, со која ја навредил Србија и нивните највисоки претставници.

– Станува збор за најгруб фалсификат на настаните на Косово и Метохија за време на деведесетите години на минатиот век, поради кои очекувам и извинување од Владата на Албанија – истакна Дачиќ.

Тој потсети дека Цакај изјавил, меѓу другото, дека Србија за време на судирот на Косво и Метохија е „одговорна за убиство на повеќе до 12.000 Албанци, масовна депортација на повеќе од милион луѓе и милиони долари штета“.

Тој доаде дека изјавата на Цакај не допринесува за добрососедските односи на Србија и Албанија, како и дека таа изјава директно е во спротива на настојувањето на раководството на Србија да ги унапреди добрососедските односи со Албанија, и со тоа да допринесе до стабилност и развој на регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот