Дачиќ: Палмер има жена Србинка, добро ја разбира ситуацијата на Балканот

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Според шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, назначувањето на Палмер за специјален претставник на САД не е изненадување.

– Тоа е само знак дека САД сакаат на некој начин да го официјализираат она што постојано го кажуваат за да поттикнат брзо решавање на проблемот односно сите страни на Балканот да градат регионален мир и стабилност, а дали ова е можно, ќе зависи од тоа кои ќе бидат клучните теми и дали ќе има притисок врз Приштина да ги укине таксите – рече Дачиќ за РТС.

Исто така, Дачиќ истакнува дека Палмер многу добро ја знае ситуацијата на Западен Балкан, со оглед на тоа што е женет со Србинка од Белград, но дека не знае колку ова е предност за Србија, а колку е неповолно за него, бидејќи ќе мора да докажува дека не е пристрасен.

Одлуката за назначувањето на Палмер ја поздрави и претседателот на Косово, Хашим Тачи, преку својот профил на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот