Дачиќ очекува новиот хрватски претседател Милановиќ да работи на подобрување на односите со Србија

„Србија и Хрватска треба да градат добрососедски односи на сите полиња бидејќи тоа е важно за стабилноста на целиот регион. Имаме многу простор за соработка и се надевам дека новиот претседател на Хрватска вистински ќе му се посвети на тоа“, истакна Дачиќ.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека се надева оти политиката на Зоран Милановиќ, како претседател на Хрватска, што се однесува до односите со Белград ќе се разликува од онаа што ја водеше како премиер и од онаа што можеше да се чуе од него за време на изборната кампања.

– Србија и Хрватска треба да градат добрососедски односи на сите полиња бидејќи тоа е важно за стабилноста на целиот регион. Имаме многу простор за соработка и се надевам дека новиот претседател на Хрватска вистински ќе му се посвети на тоа – истакна Дачиќ.

Според него, оценка за политиката што ќе ја води Милановиќ ќе биде времето кога тој ќе ја преземе функцијата во февруари, а „особено кога на дело ќе се види неговата политика”.

– Кој и да е избран за претседател на Хрватска, а избран е Зоран Милановиќ, треба да работи на подобрување на односите меѓу Белград и Загреб – рече Дачиќ.

Од друга страна, како што јави дописникот на МИА од Белград, поранешниот српски претседател и лидер на опозициската Социјалдемократска странка (СДС), Борис Тадиќ, коментирајќи го изборот на Милановиќ изјави дека е „значајно тоа што на чело на една држава на ЕУ е дојдена личност која (Александар) Вучиќ го нарекува онака, како што тој всушност е…!”

– Тоа што Милановиќ, воениот кабадаија го нарече воен кабадаија е пат кон нормализирање на политиката во регионот, која нема да постои без да се именуваат работите со вистинско име, оцени Тадиќ.

Тој верува дека победата на Милановиќ и победата на социјалдемократијата над десничарскиот популизам во Хрватска „може да го поттикне позитивниот домино ефект, а таа победа може да го прекине трендот на апатија кај гласачите, кој е наметнат од десничарските популисти во сите земји во регионот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот