Дачиќ: Непримерна е забраната за престој на српските претставници на Косово

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Властите во Приштина ги користат сите можни притисоци и административни забрани, а една од нив се однесува и на правото кој има можност да гласа, изјави српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ.

Тој оцени дека на претходните избори на Косово можело да се гласа со српски документи, а годинава за првпат такво нешто се забранува.

– За што ние зборуваме, за укинување на визите и создавање на единствен простор на Балканот, а имаме ситуација некому да му се забранува влегувањето. Не постои во Европа дел од територија каде што се забранува доаѓањето, освен на Косово. Каде тоа го има, да се работи, како што работат властите на сапопрогласената држава Косово, праша Дачиќ.

Тој истакна дека тоа не може да го намали резултатот на изборите и ги повика Србите во Косово да бидат обединети, да излезат на гласање и да гласаат за Српската листа.

Косовските власти вчера соопштија дека на претставниците на државната власт на Србија не им дозволуваат да на било кој и начин учествуваат во кампањата за претстојните парламентарни избори.

Изминативе денови на претставниците на Канцеларијата за Косово – Дамјан Јовиќ, Душан Козарев и Петар Петковиќ им беше забранет влез на Косово, а денеска и на Борислав Тајиќ, помошник директор на српска владина Канцеларија за Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот