Дачиќ: Не е исклучено коронавирусот да е дел од специјалната војна кон Кина

Дачиќ не ја исклучи можноста коронавирусот да е дел од специјалната војна против Кина и потсети на паниката што преовладува во некои земји каде што бројот на пациенти е помал отколку во Кина, оценувајќи дека земјата „сериозно го сфатила проблемот”.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ по посетата на Пекинг оцени дека Кина е земја што стои на браникот на светот на коронавирусот, јави дописникот на МИА од Белград.

-Во Кина се борат коронавирусот да не ги загрози социјалните реформи и растот, затоа што Кина е втора економија во светот. Кина е на браникот на светот од вирусот, да не е Кина и мерките на предострожност, се би било поинаку, изјави Дачиќ а ТВ Пинк.

Дачиќ не ја исклучи можноста коронавирусот да е дел од специјалната војна против Кина и потсети на паниката што преовладува во некои земји каде што бројот на пациенти е помал отколку во Кина, оценувајќи дека земјата „сериозно го сфатила проблемот”.

-Благодарение на ригорозните мерки, 29.000 од 70.000 заразени веќе се излечени. Тоа е голем успех, рече Дачиќ, истакнувајќи дека сите активности во Кина се плански осмислени.

Илустрирајќи ја сериозноста на пристапот во заштита и превенција од ширење на коронавирус, Дачиќ рече дека не му било дозволено ниту да прошета низ центарот на Пекинг, нагласувајќи дека немало ракувања на состаноците и дека на српската делегација понекогаш им е мерена температурата што е главен показател за заболувањето кога е над 38 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот