Дачиќ: Имаме други вработени во Владата и во министерствата кои се заразени

фото: Марина Лопичиќ/курир.рс

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска потврди дека државниот секретар во Министерството за животна средина Бранислав Блажиќ е заразен со новиот коронавирусот.

Дачиќ во изјава за локална телевизија рече дека Блажиќ присуствувал на состанокот на ресорниот комитет во Владата, во одборот и бил во контакт со други членови на комисијата.

– Имаме други вработени во Владата и во министерствата кои се заразени, рече Дачиќ, без да прецизира колку лица се инфицирани.

Белградски медиуми синоќа објавија за заразени со Ковид-19 во српската Влада, повикувајќи се на „извори запознаени со ситуацијата”.

Блажиќ е од Кикинда, град кој е едно од жариштата на епидемијата на новиот коронавирус во Србија.

Според српските медиуми, сите од Министерството за животна средина кои биле во контакт со Блажиќ сега се во изолација, а министерот Горан Триван само телефонски контактирал со генералниот секретар на неговото Министерство и со сите други со кои Блажиќ бил во контакт.

Блажиќ во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот