Дачиќ и го извади српското државјанство на косовската амбасадорка во САД (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ во седиштето на Обединетите нации имаше расправија со амбасадорката на Косово во САД, Вљора Читаку за правата на Србите и останатите малцинства во поранешната српска покраина.

Во изјавата Дачиќ зборуваше и за нападот врз двајца припадници на мисијата на „УМНИК“ на Косово, кои инаку имаат дипломатски имунитет, а кои беа нападнати и уапсени од косовската полиција.

Понатаму Дачиќ збоуваше за борците на ИД кои се враќаат од Сирија и за опасностите од појавување на терористички ќелии на балканот, но и за сквернавењето и присвојувањето на српското историско наследство на Косово и Метохија од страна на Албанците.

Дачиќ во еден момент и го извади српското државјанство на амбасадорката Читаку, по што ја запраша зошто таа не бара да биде отпишана како државјанин на Србија кога веќе се залага за независност на Косово, со забелешка дека би требала повеќе да ја почитува својата држава.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот