Дачиќ до Заев: Немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација

Претседателот на српското Национално собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае дека неговите неодамнешни изјави за Бугарија не се точни, но дека му треба согласност на Софија за да започне преговори за членство во ЕУ.

Во емисијата „Хит Твит“ на ТВ Пинк, Дачиќ рече дека второто прашање е до каде ќе отиде Заев во тоа.

Дачиќ реагираше на изјавата на Заев дека Југославија е виновна за одвојувањето на Македонија од Бугарија и дека во таа земја имало бугарска администрација за време на Втората светска војна.

– Но, немојте бугарската окупација да ја прогласувате за администрација. Бугарите беа на страната на нацистичката Германија на Хитлер, а ние на југот знаеме колку беа тешки бугарските злосторства. Со тоа тие плукаат по нивната антифашистичка борба. Еве Југославија повеќе ја нема, што чекате. Ако се толку желни за прегратка, тие не би ја чекале 2020 година “, рече Дачиќ.

Дачиќ додаде дека не би сакал никој да помисли дека жали за Југославија, која, како што вели, ја сака, но изјави дека денот кога е создадена бил несреќен ден за српскиот народ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот