Дачиќ: До крајот на годинава уште пет држави ќе го повлечат признавањето на Косово

Ивица Дачиќ /EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека очекува до крајот на годинава уште пет држави да го повлечат своето призавање на незавсноста на Косово.

Одбивајки да ги обелодени имињата на државите кои најавиле преиспитување на својот став околу косовската независност, Дачиќ изјави дека во лобирањето, српската дипломатија многу голема подршка добила од Индија, што укажува дека веројатно се работи за неколку азиски држави.

– Индискиот министер за надворешни работи побара да му се достави список на држави кои веќе ја повлекле одлуката за независнист и оние држави кои би можеле да се премислат, изјави Дачиќ додавајки дека Индија уште од времето на СФРЈ и Тито има пријателска соработка со Белград, преку раководењето на Организацијата на земјите од движењето на неврзаните.

Досега одлуката за признавање на независноста на Косово ја повлекоа 15 држави.

Според српскиот министер за надворешни работи целта е бројот на државите кои ја признаваат независната Косовска држава да биде помалку од 97 земји членки на Обединетите нации.

Со таа бројка Белград очекува да се намалат шансите на Приштина која бара вчрез во светската организација и нејзините меѓународни иституции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот