Дачиќ: Ако не го признаеме Косово ќе избие војна

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави денеска дека претходно предложил поделба како можно решение за косовското прашање, но додаде дека за сето ова треба сериозно да се дискутира во формат што може да донесе одлука за тоа.

Дачиќ го изјави тоа на прашање на новинар во Москва да ја коментира вчерашната изјава на поранешниот началник на ЦИА, Стивен Маер, кој го гледа решението за Косово во поделба на територијата и дека границата треба да биде на Ибар.

– Го предложив тоа многу одамна, сите беа мои предлози. За тоа треба сериозно и компетентно да се дискутира. Во формат што може да го реши ова. Бидејќи во моментот нема дијалог, мислам дека е беспредметно да се презентираат идеи за компромис сега кога другата страна ја нема. Слушнавте дека тие не прифаќаат никакви предлози и дека освен ако не го признаеме… војна ќе избувне. Верувам дека во такви услови навистина нема начин да се преговара- рече Дачиќ за време на официјалната посета на Москва, пренесе Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот