Да возиме сите како жени!

фото: РИА Новости

Колку пати до сега сте слушнале некој да каже, возиш како жена? Или пак, види колку е бавен автомобилов пред мене, сигурно го вози жена? Жените се бавни, но безбедни учесници во сообраќајот, не предизвикуваат сообраќајни несреќи и возат според ограничувањата и условите на патот. Ова денеска, на Меѓународниот ден на жената, го истакнaa од  Републичкиот совет за безбедност на патиштата.

Под мотото „Жените возат одговорно! – Биди горда што си жена и што си безбеден возач“, се одбележува застапеноста на жените во сообраќајот.

Ако пред дваесетина години жените возачи ги имало само во незначителен процент, денес таа бројка се доближува до 50 отсто. Жените денес се активни учесници во патниот сообраќај и тоа не само како пешаци и велосипедисти, туку и како возачи на моторни возила и како мотоциклисти, а некои од нив и како професионални возачи.

Од Републичкиот совет за безбедност на патиштата велат дека статистиката покажува дека мажите три пати повеќе страдаат во сообраќајни незгоди од жените.

– Според Светската здравствена организација, околу  77 отсто од сообраќајните незгоди со фатални последици се предизвикани од возачи мажи. Иако можеби за многумина,  на прв поглед,  жените изгледаат не толку вешти возачи, истражувањата покажуваат дека  жените се безбедни возачи. Истражувањата всушност покажуваат дека брзото и агресивно однесување во сообраќајот не е својствено за жените, дека жените помалку возат под дејство на алкохол, не поминуваат на црвено на семафор, не возат без возачка дозвола, жените повеќе ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и повеќе ги почитуваат пешаците и велосипедистите како рамноправни учесници во сообраќајот. Според тоа, ако почитувањето на сообраќајните правила и прописи е женско возење, ако почитувањето на ограничувањто на брзината е женско возење, ако почитувањето на пешаците е женско возење, ако дефанзивното возење е женско возење, тогаш ајде сите да возиме на  женски начин, затоа што така е побезбедно и посигурно, велат од РСБСП.

Денеска во повеќе градови се организираат  акции за дистрибуција на цвеќе за жените возачи. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот