„Да тетке, дронот ти зборува, не смееш да се шеташ без маска“ (ВИДЕО)

Кина во последните недели грчевито се бори за да ја запре епидемијата на убиствениот коронавирус. Властите користат најразлични мерки за контрола на граѓаните кои не ги почитуваат правилата.

Освен што во карантин се ставени вклупно 35 милиони луѓе во градот Вухан и во други места во провинцијата Хубеи, и освен што цензорите масовно ги бришат гласините за епдимијата и критиките за режимот на социјалните мрежи, полицијата користи дронови за дисциплнинирање на жителите кои излегуваат без маски и така ризикуваат да се заразат.

Да, тетке, дронот ти зборува. Не смееш надвор да се шеташ без да носиш маска – се обраќа гласот од дронот на постара жена која шета по улица во Внатрешна Монголија.

Таа, збунета и загрижена, брза кон дома, вртејќи се кон дронот. Гласот од леталото ѝ дофрла: „Подобро побрзај дома, и не заборавај да ги измиеш рацете. Им зборувавме на луѓето да останат дома, но вие и понатаму се шетате надвор“.

Чиче, живееме во необично време. Зошто си излегол надвор без маска: Снегот сам ќе се стопи за неколку месеци, зар не? Зар не е попријатно да се остане дома, со храна и пијалок? Зошто секогаш доаѓаш? Можеш тоа да го средиш за неколку месеци – вели истиот или сличен глас од дронот на постар маж кој стои до патот.

Ова се само дел од многуте снимени случаи кои може да се забележат во видеото објавено на Твитер, кое во моментот на објавување на оваа вест има речиси 2 милиони прегледи.

Ова не е единствениот начин на којшто властите во Кина се обидуваат да го спречат ширењето на опасниот коронавирус. Имено, кинеските градови почнаа со дезинфицирање на градовите.

Видете го новиот начин на кинеските власти за борба против ширењето на коронавирусот (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот