Да се прогласи кризна состојба на јужната и северната граница, предлага Групата за процена на Владата

Мигранти / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Групата за процена на Владата предлага да се донесе одлука за постоење кризна состојба на јужната и северната граница на државата заради заштита на јавното здравје од илегална миграција.

Ова е заклучокот од денешната седница на Групата одржана преку видеоконференциска врска.

На седницата, раководителот на Групата за процена, Стојанче Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата.

– Групата за процена му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на дел од територија на Република Северна Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Северна Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2″ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, наведува ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот