Да се потсетиме на легендарниот музичар Френк Синатра! (ВИДЕО)

Instagram

Френк Алберт Синатра роден е во Хобокен, Њу Џерси, во скромно работничко семејство на италијански емигранти. Татко му, Марти Обрајан бил познат уличен боксер и уште од мали нозе Френк се интересирал за спортот. Тој во пубертетот имал желба да стане спортски новинар и затоа го напуштил училиштето и почнал да вози камиони за за весникот „New Jersey Observer“, а потоа сфатил дека поради недостатокот на образование никогаш нема да може да ја добие посакуваната работа, но сепак завршил вечерно училиште.

View this post on Instagram

“The Voice,” c. 1943 ?

A post shared by Frank Sinatra (@sinatra) on

Неговата втора голема љубов била музиката, со која почнал да се занимава без никакво претходно музичко образование и познавање на ноти, но имал огромен талент и покрај дупнатото ушно тапанче имал одличен слух, па освојувал и бројни награди. Тој мечтаел дека неговиот животен пат ќе го однесе во Њујорк, а кога му се исполнила оваа желба и кога не само што се разбудил во градот кој никогаш не спие, туку и достигнал статус на уметник со кој Њујорк се гордее, тој му подарил на Њујорк химна за сите времиња – „New York, New York“.

Како човек кој позади себе има оставено 58 филмови, 250 милиони продадени плочи, освоено Оскар и 13 Греми награди, имал бурен живот на сцената, но и надвор од неа, па денес најчесто се спомнува како олицетворение на американскиот шоумен и еден од најголемите „женкари“ на сите времиња. Имал 4 сопруги, 3 признаени и 1 непризнаено дете.

Еве некој од најпознатите хитови на Синатра:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот