„Да се однесуваме зрело и достоинствено“, порача МНР пред протестот против отворањето на бугарскиот клуб во Охрид

Бугарски клуб „Цар Борис“ (Фото: Фејсбук)

„По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување на протест против истото, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став“, соопшти денеска МНР.

Протестот е најавен поради отворањето на бугарскиот клуб со контроверзно име „Цар Борис Трети“, за кој се откри дека организаторите не побарале мислење за името од Министерството за правда, но и покрај тоа, здружението што го отвора било регистрирано.

Во јавноста се појавија многу негативни реакции поради отворањето на клубот, а го осуди и Еврејската заедница во Македонија, која го нарече „повампирувањето на ликови од фашистичкиот период на Бугарија“.

„Во контекст на горенаведеното, ги замолуваме сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите“, се наведува во соопштението од МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот