ДА СЕ НАЕЖИШ: Порака на Миха ги остави во шок легендите на Реал! (ВИДЕО)
Српскиот тренер беше оневозможен вечерва да биде присутен на стадионот каде најдобрите играчи во 11 децении долгата историја на клубот ги одмерија силите со големите имиња кои ја градеа историјата на Реал, но реши да им се обрати по пат на видео порака која излезе на семафорот.
Кога на екран се појави големиот Синиша играчите на двата клуба беа пријатно изненадени, а помеѓу нив се беа такви имиња како Кларенс Сидорф и Кристијан Карембе.
Михајловиќ изрази жалење поради недоаѓањето на стадионот:
– Жал ми е што не сум со вас. Како што знаете вчера ја напуштив болницата и наскоро ќе бидам со семејството. Со оваа порака сакам да им се заблагодарам на навивачите и на сите оние кои беа покрај мене во текот на лекувањето. Ова е голем момент за нас мене – рече Михајловиќ, а потоа продолжи:
– Сакам да им се заблагодарам на легендите на Реал кои дојдоа на овој настан. Специјални поздрави испраќам за Сидорф и Карембе. А на Марко Ди Вајо (поранешниот ас на Болоња) му порачувам: Мораме да победиме, како и секогаш. Напред Болоња, те сакам – заврши обраќањето на Михајловиќ.