Да се излезе на марш и 8 Март да стане неработен ден

Освен промената на свеста кај жените да се борат за своите позиции, потребно е и институциите да се погрижат за законите кои веќе постојат.

Борбата за првата на жените не се води само на 8 Март, туку секој ден во годината. Гости во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ беа Савка Тодоровска, од Националниот Совет за родова рамноправност и Соња Хаџи – Николов од Акција здруженска.

Тодоровска смета дека државата во последните години направила многу за подобрување на статусот на жената преку донесената легислатива. Хаџи – Николов пак смета дека сè уште е голема дискриминацијата.

Освен промената на свеста кај жените да се борат за своите позиции, потребно е и институциите да се погрижат за законите кои веќе постојат.

Прашани дали 8 Март треба да се издигне на ниво на 1 мај и да стане неработен ден за сите граѓани, двете активистки сметаат дека дефинитно овој ден треба да стане неработен и да се излезе на марш на кој ќе се бараат правата, но и ќе се одбележи борбата на жените, за разлика од веќе воспоставената пракса на славење на овој ден со цвеќиња и подароци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот