Да се искористи ЕЕН-мрежата за поголема бизнис соработка со странство

Малите и средните претпријатија (МСП) се уште многу малку учествуваат во извозната структура на земјава. Соработката со странство главно ја реализираат во ИТ секторот, но не и во сегментите кои подразбираат увоз на суровина и репроматеријали, за потоа да се пресмета некаква додадена вредност.

– Само пет отсто од македонските компании извезуваат. Притоа доминираат големите претпријатија. Кај малите и средните оваа бројка е уште помала, а мал е и нивниот удел, рече денеска на прес-конференција во Стопанската комора, професорот Виктор Стојмановски.

Стојмановски, кој е и координатор на Европската мрежа на мали и средни претпријатија (ЕЕН) за земјава, истакна дека сите, околу 3.000 домашни МСП ги добиваат услугите, а целта е промоција надвор, интернационализација на дејноста и изнаоѓање бизнис партнери.

– Досега преку ЕЕН која функционира 11 години во 60 земји, се склучени 7.000 деловни партнерства, 44 проценти од фирмите го зголемиле својот обрт, 40 отсто почнале нов бизнис, речиси 50 проценти развиле нов производ, услуга или имплементирале новина во работењето, тројца од четворица клиенти успеале да излезат на нови пазари, а секој четврти дошол до нов бизнис соработник, потенцира професорот.

ЕЕН овозможила и 2.400 компании да аплицираат за средства од европските фондови.

– Соработката на МСП и ЕЕН треба да се интензивира за уште поголеми придобивки, не само на претпријатијата, туку и генерално, на домашната економија, подвлече Стојмановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот