Да сакаше, НИКОГАШ немаше да успее – Камион заврши на покрив на куќа (ВИДЕО)

Фото: Полиција Онтарио

Неверојатна снимка од камион кој паѓа на покривот на една куќа во во Албан, во провинцијата Онтарио, стана хит во Канада.

GOSH …. Denis witnessed this on his way home from work today. Caught on dashcam.For licensing and usage, contact: licensing@viralhog.com.

Publiée par Sharon Gauthier sur Lundi 9 septembre 2019

Полицијата во Онтарио вели дека против камионџијата (24) е поднесена пријава заради несовесно возење, но неговото име не е соопштено.

За среќа, не настрадале ниту возачот, ниту сопствениците на куќата. Тие не биле дома кога ова се случиле, така што биле шокирани кога се вратиле дома и виделе дека на покривот им лежи камион.

“Камионот возеше многу брзо и удри во бандера пред куќата, при што задниот дел на камионот се крена и падна на покривот на куќата“, запишал полицаецот Мајкл Куломб во записникот од местото на несреќата.

На снимката која е поставена на Фејсбук убаво се гледа, иако од далечина, моментот на несреќата, кога камионот врти, се крева и буквално легнува на кровот на куќата. Камионџијата излегува и збунето гледа што се случило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот