„Да растеме заедно“: Се поставуваат нови плочки на дрвјата со имињата и датумот на раѓање на децата

Како дел од проектот „Да растеме заедно“ деновиве на дрвјата се поставуват плочки со имињата и датумот на раѓање на децата, а се заменуваат и оштетените плочки.

– Со овој проект, Град Скопје ви овозможува да засадите дрво кое заедно со вашето новороденче ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на детето, а дрвото ќе го поставиме на еден од дрворедите, парковите или плоштадите во Скопје, или на достапно место според Ваша желба. На овој начин, создаваме култура на трајни вредности и традиција и истовремено придонесуваме за раззеленување на нашето Скопје во кое сите заедно живееме, растеме и созреваме, соопштија од Град Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот