Да признаев дека сум ГЕЈ никогаш немаше да станам актер (ФОТО)

Мет Бомер

Холивудскиот актер Мет Бомер (41) од 2011 година е во брак со публицистот Симон Халсом (55) со кого има три деца, кои на свет дојдоа преку сурогат мајка.

Меѓуоа, Бомер со години ја криеше својата сексуалност, а првпат вистината ја открил кога ја прими хуманитарната награда „Steve Chase“ во 2012 година. Тогаш на сопругот и децата им кажа „благодарам“ за безусловната поддршка.

 

View this post on Instagram

 

Love you always Dublin! #ststephensgreen

A post shared by Matt Bomer (@mattbomer) on

Актерот во 2014 година ги откри и деталите од својата венчавка и дури тогаш се дозна дека во прашање било интимна церемонија на која присуствувале нивните најблиски.

– Беше тоа мала и опуштена церемонија. Тоа чуство кога изговарате заклетва пред најмилите е преубаво и тоа беше важно за нашето семејство – рекол Мет.

Парот денеска не се крие, туку напротив честопати позираат заедно на црвениот килим, но Мет признал дека изминатите години се плашел што ќе каже јавноста.

– Роден сум во Тексас, а дури кога дојдов во Њујорк на 22 години сфатив дека постои опција дека во брак можат да бидат и двајца мажи и да одлгедуваат деца. Да признаев кој сум во средното училиште, никогаш немаше да стигнам до Холивуд. Мојот живот ќе тргнеме во друг правец, кој ќе беше премногу болен – изјавил Бомер во една прилика.

Денес Мет добива и се повеќе улоги на геј, на кој е особено горд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот