„Да не се создавале паралелни светови“: Данска воведува квоти за „незападни жители“, максимумот е 30 отсто

Данскиот глаевн град, Копенхаген/ Фото: EPA-EFE/Philip Davali DENMARK OUT

Данската влада најави воведување на квоти, за одредени делови на градови, за населување со странци. По „гето листата, Владата во Копенхаген сака да воведе ограничување од 30 отсто за „незападни жители“ за поедини делови на градови во земјата.

Целта, како што нагласија од Влада, е спречување на создавање на паралелни светови.

Инаку, целта во одредени делови на градови во Данска да не смее да живеат над 30 отсто „незападни лица“ се однесува за период од 10 години.

И сега се воспоставува гето листа“ на која се наоѓаат делови од градови по повеќе од 1.000 жители во кои пола имаат потекло од „незападни земји“ и во кои стапките на невработеност и на криминал се наоѓаат во пораст. Моментно на листата има 15 делови од градови.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот