„Да можам, би живеел и до 200“: Почина најстариот Французин на 113 години

Почина најстариот Французин/ Фото Lionel CHAMOISEAU / AFP / Profimedia

Жил Теобалд, најстариот Французин почина денеска на 113 -годишна возраст во својот дом во Форде де Франс на островот Мартиник, објави неговото семејство, пренесува Франс 24.

Теобалд, кој бил рибар, бил роден на 17 април 1909 година.

Кога новинарот на Франс Прес се сретна со него во 2019-та година,  Теобалд раскажа за неговата младост, работа и детство.

На прашањето за возраста, тој на шега рече: „Ако некој ме праша, би можел да живеам 200 години“.

Кој се најстарите луѓе во светот?

Франција, исто така, била дом на најстарата личност, чија возраст не била целосно проверена – Жан Калмент, која починала во 1997 година, на возраст од 122 години и 164 дена.

Најстарата моментална жива личност е Јапонката Кане Танака, на возраст од 118 години, 276 дена.

Француската калуѓерка Лусил Рандон – која дури го прележала и коронавирусот оваа година – е најстариот човек во Европа, на возраст од 117 и 236 дена.

Јапонецот Жироемон Кимура, кој починал во 2013 година на 116 години и 54 дена, бил најстариот човек досега чија возраст е проверена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот