Да кажеме стоп за смртта на патиштата!

На 15 ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбеднст на сообраќајот на патиштата, ги потсетува учесниците во сообраќајот дека незгодите не се случајни, туку дека се предизвикани од невнимателност и неодговорност.
,,Сообраќајните незгоди за жал, се сериозен проблем на сите современи општества. Трогателни слики со смрт и крв на патиштата кои секојдневно се случуваат, се тешки и мачни за гледање, но уште потешко е директно да се соочите со нив и со нивните последици. Секој загубен човечки живот носи болка, таа, празнина и тежина на душата за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице. Загубените животи во сообраќајни незгоди носат дополнителна болка, дополнителна тага и тежина, зашто загубите и повредите во сообраќајот се неочекувани, насилни, трауматски, трагични настани”, велат од Републичкиот совет.
Товарот на тага и болка што го доживуваат огромен број луѓе како последица на сообраќајните незгоди е уште поголем ако се има предвид фактот дека голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади.
За жал, црната светска и домашна статистика и понатаму покажува дека сообраќајните незгоди се причина за голем број на загубени човечки животи, голем број на загинати лица и уште поголем број повредени лица со трајни телесни повреди, уништени семејства и огромни материјални загуби.
Според СЗО годишно 1.3 милиони луѓе во светот го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се повредени. Тоа значи дека над 3.500 лица умираат дневно како последица на сообраќајни незгоди, односно на секои 24 секунди едно лице, нечие дете, брат, сестра, родител, роднина, пријател го губи животот во сообраќајна незгода.
Во Македонија во 2019 година 132 лица го загубија животот во сообраќајки, а 5164 лица се повредени.
,,Да кажеме стоп за смртта на патиштата! Сега и веднаш! Време е секој да сфати дека сообраќајните незгоди не бираат време, место и личности. Сите сме потенцијални жртви. Многу човечки судбини денеска ќе беа различни, многу семејства кои денес се обвиткани во црно, ќе беа посреќни и повесели, многу детски или родителски солзи немаше да се пролеат, доколку сите учесници во сообраќајот покажат повисоко ниво на свест совест дисциплина и одговорност во сообраќајот. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи!”, апелираат од РСБСП порачувајќи им на граѓаните да покажат грижа, да ја разбудат совеста и да возат одговорно и совесно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот