Да испишеме нова историја: Бодрете ги кошаркарите за 100 денари против Естонија!

Фото: МКФ

– Што се однесува околу противникот, Естонија ни беше ривал пред некоја година, како сила е на наше ниво – вели селекторот Тодоров.

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација овој месец ги започнува квалификациите за Европското првенство 2021 година.

Избраниците на новиот селектор Александар Тодоров првиот натпревар од квалификациите ќе го имаат во А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“, на 20 февруари со почеток од 20:15 часот против селекцијата на Естонија. Три дена подоцна „црвено-жолтите“ во рамките од групата „Б“ ќе играат на гостински терен во Перм против Русија.

Билетите за мечот Македонија-Естонија се пуштени во продажба на „МК Тикетс“ по цена од 100 денари. Продажбата на билетите на следниот линк ТУКА

фото: kfsm.mk

Воедно сите средства од продажбата на влезниците ќе бидат донирани за хуманитарни цели.

Кошаркарската федерација на Македонија ги најави евроквалификациите: „Сите заедно – да испишеме нова историја!

– Со Естонија ќе играме во салата „Борис Трајковски“, со тренинзи почнуваме на 13 февруари, со желба неколку дена подоцна да одиграме и пријателски меч од затворен тип. Што се однесува околу противникот, Естонија ни беше ривал пред некоја година, како сила е на наше ниво, но и тие имаат нов селектор, Финец кој работеше во Романија. И тие говорат за подмладување, па на тој прв меч нема да знаат многу за нас, а ниту ние за нив – вели селекторот Тодоров пред она што следува овој февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот