Да имав сопруга каква што има Фиго, немаше да излезам од дома! (ФОТО) – Слободен печат
СпортФудбал

Да имав сопруга каква што има Фиго, немаше да излезам од дома! (ФОТО)

Немаше никакво негодување од Фиго кој истакна дека неговиот голем пријател само се шегувал.

Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго му прости на својот поранешен тимски колeга Роналдо Назарио де Лима за еден коментар што некогаш го кажал за неговата сопруга, Хелен Сведин.

Фиго и Роналдо поминаа заедно две и пол сезони во шпанскиот главен град пред Португалецот да се пресели во милански Интер во сезоната 2004/05.

Во периодот кога беа тимски колеги на „Бернабеу“, Роналдо ја даде контроверзната изјава за сопругата на Фиго.

– Доколку имав сопруга каква што има Фиго, немаше да излезам од дома – се зборовите на Роналдо.

Немаше никакво негодување од Фиго кој за една шпанска телевизија истакна дека неговиот голем пријател само се шегувал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close