„ДА“ или „НЕ“ за носењето гаќи: Она што ни ја разгорува имагинацијата, ни го убива здравјето

Фото: Pixabay

Неопходно е да се вратиме на старомодните 100 отсто памучни гаќи, бидејќи, во споротивно, кандидата и сличните инфекции, ќе станат наши „домашни миленичиња“. 

За сè се виновни Адам и Ева и нивното покривање со лист од смоква… И покрај недостатокот на историски податоци кои потекнуваат од далечното минато, релјефите на древните Египќани сведочат за посебно парче облека што се смета за оригинална форма на долна облека. Парче ткаенина се замотувало околу бутовите во различни форми, со цел да се покријат и заштитат гениталиите. Од мозаиците на антички Рим, композициите на женски фигури го покажуваат претходникот на модерните бикини, изработени од градници и долна облека како скратени шорцеви (сублигакулум). Стотици години немало големи промени, за потоа, почнувајќи од 13 век, да почне повеќе внимание да се посветува на долната облека.

Во седумдесеттите години на 20 век, новите модни куќи како што се „Келвин Клајн“, „Соваж“, „Бенетон“ и „Томи Хилфигер“ ѝ даваат посебно место на долната облека во своите колекции. Тие го користеа сексот како главен адут во рекламите, а на гаќите им дадоа одличен дизајн, необични ткаенини, прекрасни бои и комбинации. Старите „гаќи на баба“ изумреа во напливот на неодолива долна облека за елегантна и самоуверена жена.

Осумдесеттите години ја одбележаа ерата на слободата на жените, каде што за прв пат во историјата тие се слободни да носат што сакаат. На располагање им беше цела палета гаќи: боксерки, спортски гаќи, еротски, весели, оние што ја модифицираат фигурата, со животински принтови или цветни дезени, чипка… Изборот беше бесконечен, а гаќите станаа главното женско оружје во играта на заведување! Арно ама…

Танги, чипки, ластици…, сè се тоа штетни материјали

Гинеколозите генерално се согласни околу ставот дека гаќи треба да се носат што поретко, а танги и модели изработени од неприродни материјали – никогаш!

Доника Мур, гинеколог од Њу Џерси и претседателка на „Сафир воменс хелт груп“ објаснува зошто голотијата во интимната област е голем дел од хигиената на гениталните органи кај жените.

– Не е добро секогаш да ги држиш под клуч интимните делови. Им треба воздух како и на секој друг дел од вашето тело, вели таа.

Што се случува ако сте постојано во гаќи? Покривањето на интимните делови со гаќи дење и ноќе, помага да се развие топлина, а со тоа и потење и бактерии во таа област, бидејќи кожата не дише и нема снабдување со свеж воздух. Оваа состојба, пак, предизвикува инфекции, габи и слични кожни болести.

Д-р Афродита Стомнароска, гинеколог, смета дека не е природно воопшто да не се носат гаќи, бидејќи сепак, истите делумно нè заштитуваат од одредени бактерии.

– Во минатото, можеби да, жените имале помала изложеност на надворешните бактерии, но денес не е возможно да се вратиме во тоа време – вели таа и објаснува дека единствено е неопходно да се вратиме на старомодните 100 отсто памучни гаќи, бидејќи, во споротивно, кандидата и слични на неа инфекции, ќе станат наши „домашни миленичиња“. Секојдневните влошки од памук и мрежичка се неопходен „аксесоар“ за хигиена на женскиот полов орган. Но, за жал, смета д-р Афродита, индустријата отишла во сосема погрешен правец, и нема изгледи да се врати назад. Танги, чипки, ластици, сè се тоа материјали штетни за здравјето на вагината. И што е многу важно, истото важи и за мажите. Она што ни ја разгорува имагинацијата, ни го убива здравјето!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот