„Да ги стреламе или да ги отруеме со гас“, снимен заговор за убиство на мигранти

Ултрадесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) го исклучи поранешниот портпарол Кристијан Лит откако тајно беше снимен негов разговор, во кој зборува за убивање на мигрантите со гас.

Телевизијата ПроЗибен го сними Лит како разговара во кафуле со друго лице, за кое се претпоставува дека е симпатизер на АфД, за предизвиците со кои се соочува партијата.

Лит запрашан дали АфД сака да види повеќе имигранти, тој одговори: „Да. Бидејќи тогаш работите ќе се одвиваат подобро за АфД. Потоа можеме сите да ги стреламе. Или да ги отруеме со гас, како сакаш”.

Германските медиуми денеска објавија дека Лит е исклучен од парламентарната група на АфД. 

АфД влезе во германскиот парламент на изборите во 2017 година и сега е најголемата партија што се спротивставува на владата на Ангела Меркел, голема коалиција на десницата и левицата.

Прочитајте и...  Министерството за одрбана на Русија ќе отвори претставништво во Србија за јакнење на воените врски

Поврзани вести

ВИДЕО: Панична реакција на премиерката на Исланд, среде интервју стресе земјотрес

Слободен печат

Брнабиќ со застрашувачка вест за Србија: Само вечерва имаме 400 заболени со ковид-19

Слободен печат

Видео: Енормно високи бројки на заразени во Франција

Слободен печат

Поради „постојана кашлица“: Меланија Трамп се откажа од патување во Пенсилванија

Слободен печат

Бугарски медиуми: Претседателот Радев во самоизолација по контакт со заразен со ковид-19

Слободен печат

Бучковски: Бугарија ќе направи историска грешка ако ја блокира нашата земја на европскиот пат

Слободен печат

Остави Коментар