Да бидеме хумани, заедно да му помогнеме на фудбалерот Ѓорѓе Џонов!

Фото: jugoistok.net

Ѓорѓе Џонов е 29-годишен фудбалер од Пирава, Валандово. Од 12 годишна возраст е на фудбалските терени, максимално посветен на фудбалската игра, почит кон тимот, противникот, но Џоко е скромно, мирно момче, момче со карактер како што доликува на секој воспитан човек, човек што има респект, вистинска почит кон луѓето.

Џонов е пред најголемиот предизвик во својот живот, во битка со болест за која е неопходно итно лекување во Турција.

За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што голем број луѓе се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.

Почитувани;

Денес, ние сме најпотребни, денес ние сме едно, денес ние треба да направиме се и многу повеќе од тоа што можеме, за да го имаме најголемиот победник.
Победник на животот, нашиот Џоко!

Почитувани сограѓани валандовчани, Македонци од цела Македонија, нашинци од дијаспората, ВЕ ПОВИКУВАМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ СЕГА НА ЃОРЃИ!

За таа намена креирана е „Гоу Фанд Ми” кампања за донации на Ѓорѓи МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ ТУКА

Фото: jugoistok.net
Фото: Фејсбук

ХУМАНОСТА НА ДЕЛО, ЗА НЕПОЛНИ 24 ЧАСА СОБРАНИ НАД ПЕТ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЏОНОВ ОД ПИРАВА

Хуманоста на дело, за неполни 24 часа собрани се над пет илјади евра за лекување во Турција на фудбалерот Ѓорѓе Џонов од Пирава, Валандово. За ова информира Даниел Глигоров, валандовчанец кој работи во Германија и досега има организирано повеќе хумани активности.

– Акцијата е преку интернет кампања и во неа донираат главно луѓе од дијаспората, може да донира секој што сака да помогне. Организатор на акцијата е Ѓурѓица Гошева, валандовчанка која живее и работи во Германија – вели Глигоров.

Отворена е телефонска линија на мрежата на А1
Со еден повик на телефонскиот број 143460 донирате 100 денари.

Средства може да се донираат на следната банкарска сметка:

Ѓорге Џонов

Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48

Стопанска Банка А.Д.

11 Октомври

1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА:

МК07200003801913052

SWIFT: STOBMK2X

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот