„Да бевме во странство, сите ќе ни аплаудираа“: Бектеши за фудбалот во државна канцеларија

Фото: Фејсбук / Артан Груби

„Тоа видео да се направеше во странство, ќе добиевме аплауз, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за РСЕ што ќе биде емитувано во недела, откако тој, заедно со другите министри од ДУИ, се снимаа и фотографираа како играат фудбал и кошарка во канцелариите на вицепремиерот Артан Груби.

„Јас мислам тоа видео да се направеше во странство, сите ќе аплаудираа, но кон ДУИ се упатуваат сите стрели затоа што е најстабилна политичка партија и затоа има такви реакции, за жал. Мене ми е криво што се креира една негативна енергија генерално во општеството заради тоа што такво видео не е во фазла употреба, туку тоа може да се направи на секое работно место. Ние сме колеги и го направивме како антистрес, без да сакаме да пратиме некому порака“, вели Бектеши.

Претходно денеска премиерот Димитар Ковачевски одговори дека секој може според своите желби да го организира својот работен простор и својата канцеларија. Тој додаде дека ова не било првпат да се игра фудбал во кабинетот на Груби.

– Јас имам колеги премиери кои што имаат кошеви во канцеларија. Јас немам и никогаш не сум имал, меѓутоа секој може да избере дали ќе има некаков реквизит кој што ќе го искористи во својата канцеларија на минута, 2-3 или пет. Така што тоа е лично прашање за некој како го организирал просторот во својата канцеларија. Дали мене ми пречи или не е ирелевантно, бидејќи доколку јас сакам да го организирам просторот во канцеларијата во која работам на начин на кој сакам, тогаш ќе го организирам. Начинот на кој го организира просторот во својата канцеларија друг човек, е прашање за него, изјави Ковачевски на денешната прес-конференција по повод потпишувањето на договор за изградба на Коридорите 8 и 10д со „Бехел-Енка“.

ФОТО/ВИДЕО | Чудна „антистрес“-дружба во државен објект: Министрите од ДУИ играат фудбал кај Груби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот