Да, алергиите ви се влошени оваа година, лекарите објаснија зошто

Дали оваа пролет кивате и носот ви тече повеќе од вообичаено? Не сте единствени!
Според американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ), 30 отсто од светската популација страда од алергии на полен, кои предизвикуваат симптоми на поленска треска или алергиски ринитис. Ако чувствувате дека алергиите ви се влошиле во последно време, не умислувате: од 1990 година, истражувачите забележале зголемување на количината на полен во воздухот за 21 отсто.
„Бест лајф“ (Best Life) контактираше со д-р Шиам Џоши, шеф на Одделението за алергија и имунологија и медицински директор на Клиниката за алергија и имунологија на Универзитетот за здравје и наука во Орегон, за да дознае што се крие зад промената.
Доктор Џоши вели дека неколку клучни фактори предизвикуваат пораст на алергиите и напоменува дека постојат начини за борба против симптомите.
Зошто алергиите се полоши оваа година?
Доктор Џоши вели дека главната причина за честите алергии се климатските промени.
„Во текот на последните неколку децении, климатските промени доведоа до подолги сезони на опрашување и поголема количина на полен. Тоа главно се должи на намалениот број на денови со мраз секоја зима и зголемувањето на CO2 во воздухот, што доведува до посилен циклус на опрашување на растенијата“, вели доктор Џоши за „Бест лајф“.
„Со потоплото време, последниот мраз од годината се јавува порано во годината, што им овозможува на растенијата повеќе време за опрашување“, вели Џоши, укажувајќи на извештајот финансиран од УСДА кој покажува дека сезоната на полен во Северна Америка сега започнува околу 20 дена порано и може да трае 10 дена подолго.
Луѓето ја забележуваат разликата. Според неодамнешното истражување на „Сингл кер“„SingleCare“ објавено во март 2023 година, повеќе од половина од анкетираните лица рекле дека веќе доживеале пролетни алергии до тој период во сезоната. Седумдесет и еден отсто рекле дека ова е порано од вообичаениот почеток на нивните симптоми на алергија.
Всушност, една студија од 2022 година објавена во списанието „Природни комуникации“ (Nature Communications) покажа дека покрај промените предизвикани од емисиите на CO2, промените во температурата и врнежите може да ги зголемат годишните емисии на полен за 16 до 40 отсто.
Покрај тоа, промената на земјината покривка, што значи трансформација на природните живеалишта во урбани средини, исто така, ја менува дистрибуцијата на емисии на полен, велат истражувачите.
Џоши додава дека покрај промените во животната средина кои ги прават поверојатни алергии, вашето тело исто така може да стане поподложно на алергии.
„Иако основната причина не е целосно сфатена, се верува дека промените во исхраната и микробиомот можат да придонесат“, вели тој, додавајќи дека сето ова заедно, веројатно објаснува зошто многу луѓе од година во година имаат потешки симптоми на алергија.