Д-р Трајковски: Самото ставање на вакцината не значи веднаш стекнување имунитет

-Вакцината не значи значи имунитет со самото ставање додека помеѓу две вакцини треба да се носи заштитна маска и да се внимава, изјави матичниот лекар д-р Бојан Трајковски во емисијата 24 анализа.

Од самиот старт кога се најавила вакцинацијата, интересот е голем и бројот на пациенти кои се лекуваат е  исто така голем. Луѓето на почетокот биле пријавувани од нивна страна, а сега тоа го презема „Мој термин“, вели тој.

„Вакцината не значи имунитет со самото ставање. Различен тип на вакцина, различно почнува да работи. Помеѓу две вакцини треба да се носи заштитна маска и да се внимава. Вакцинирањето не значи дека нема да заболиш. Пациентите кои се вакцинирале макар и со една доза, веќе имаат развиено многу посоодветен имунитет кон болеста и реакцијата, клиничката слика е многу полесна.“ – вели Трајковски.

Трајковски истакна дека мора цело време да се апелира за вакцинација, а кампањата не е добра, зошто луѓето имаат стигматизација. Вакцинацијата е единствениот спас и мора да се вакцинираме за да се вратиме во нормала. Тоа го тврди науката, вели д-р Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот